Одземена ми е можноста да свикам седница на Комисија, вели Гаши за проблемот со Законот за бранители

 

Според Деловникот, претседател на Собрание може да свика седница на Комисија, но, јас уште претходно најавив дека за колизија помеѓу членови од Деловникот, секогаш ќе свикуваме Комисија за деловнички-имунитетни прашања. Ако можеме и експертската јавност да ја вклучиме, за да можеме да донесеме поквалитетни заклучоци.

Ова денеска го изјави претседателот на Собранието, Африм Гаши откако вчера од СДСМ побараа тој да постапи со Законот за бранителите исто како со Законот за заемот од Унгарија и да ја свика надлежната собраниска Комисија.

Гаши вели дека не може да суди дали претседателката на Комисијата, Илире Даути го крши Деловникот со тоа што не постапила по соодветните чекори, по кои мора да постапи.

-Тоа е простор за интерпретација на различни политички аспекти. Секој како што гледа, може да оцени. Не можам јас да судам. Што се однесува до предлог-законот, одземена ми е можноста да свикам седница која веќе е свикана во одреден ден кога требало да се постапи по тоа прашање. Тоа останува во доменот на Комисијата за социјална политика – вели Гаши.

Back to top button
Close