Одземена возачката дозвола на поранешната австриска канцеларка Бирлајн

На поранешната австриска канцеларка и претседателка на Високиот суд Бригит Бирлајн и е одземена возачката дозвола, бидејќи возела под дејство на алкохол.

Според австриските медиуми, за време на вечера во ресторан таа испила повеќе алкохолни пијалоци, по што со автомобилот тргнала дома. Пред полноќ полицијата ја стопирала и направила алкотест кој покажал дека има 0,9 промили алкохол во крвта, поради што и е одземена возачката дозвола, а треба да плати и висока парична казна.

Многу ми е жал што, по една вечер помината со пријателите, и покрај тоа што пиев алкохол, седнав во автомобилот. За време на контролата, алкохолизираноста ми беше повеќе од 0,8 промили. Моето однесување не одговара на функцијата. Навистина ми е жал, рече Бирлајн.

Како прва канцеларка во историјата на повоена Австрија, таа управуваше со државата седум месеци, по корупцискиот скандал „Ибица“ и падот на владата.

Back to top button
Close