Официјална Софија- Вербалната нота од 6 јануари 2026 е за далечно минато.Таа не може да се сфати како непосредна закана за нечија безбедност

Информациите што циркулираат во јавноста во последните денови се однесуваат на вербална нота од 6 јануари 2026 година и се однесуваат на настани од далечното минато. Во моментов, оваа информација не може да се сфати како основа за заклучоци дека постои непосредна закана за безбедноста на граѓаните на Бугарија или друга земја, вели бугарското МНР и уверува дека строго ги почитува правилата за дипломатска комуникација меѓу двете земји.

Фото: Влада на Република Бугарија

Дипломатската нота за која реагира македонскиот премиер се однесува за „настани од далечно минато“, реагира бугарското МНР во врска со скандалот со објавување доверлива нота за патувањето на синот и сопругата на Христијан Мицкоски кои го посетиле Пампорово.

Официјална Софија тврди и дека не дистрибуирала нота со информации за членови на семејството.

„Министерството за надворешни работи не дистрибуираше дипломатска нота или друга официјална кореспонденција поврзана со посетата на Бугарија на членови на семејството на официјален претставник на друга земја. Информациите што циркулираат во јавноста во последните денови се однесуваат на вербална нота од 6 јануари 2026 година и се однесуваат на настани од далечното минато. Во моментов, оваа информација не може да се сфати како основа за заклучоци дека постои непосредна закана за безбедноста на граѓаните на Бугарија или друга земја. Министерството за надворешни работи придава големо значење на заштитата на дипломатската кореспонденција и строго ги почитува“, се вели во соопштението на бугарското МНР.

Реакцијата доаѓа откако бугарскиот амбасадор во Македонија вчера беше повикан во Министерството за надворешни работи на Македонија. Македонската страна побара темелна за тоа како патувањето на семејството на премиерот се нашло во јавноста. Претходно, премиерот Мицкоски изјави дека го известил и НАТО за документот со кој, како што вели, се загрозува безбедноста на неговото семејство.

Back to top button
Close