Официјална Тирана реагира зашто на фестивал во Пустец, во присуство на Мицкоски, не се интонирала и албанската покрај македонската химна
Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија реагира по културниот настан одржана вчера во Пустец, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, при што не беше интонирана химната на Албанија.

Албанското МНР го опиша ова како сериозен недостаток на почитување на националните симболи и правилата на институционалниот протокол.
„Министерството за Европа и надворешни работи, жали за фактот што, на културна активност одржана вчера во Пустец, со учество на премиерот на Северна Македонија и градоначалникот, не беше изведена албанската национална химна, заедно со онаа на Северна Македонија. Иако активноста беше организирана од локално здружение, присуството на високи институционални претставници и локални избрани функционери ѝ даде посебна јавна димензија. Во овој контекст, отсуството на албанската национална химна претставува сериозен пропуст и отстапување од пишаните и непишаните правила на бонтон и протокол, кои бараат и наметнуваат почитување на националните симболи заедно со оние на заедниците што ги претставуваат. Почитувањето на националните симболи не треба да биде прашање на политика или толкување. Тоа е дел од институционалната етика, протоколот и, пред сè, меѓусебно почитување, особено во простор каде што коегзистираат различни заедници и идентитети. Во Пустец, како и во секој простор во Република Албанија, почитувањето на националните симболи е дел од почитувањето на самите граѓани, на вредностите на демократскиот соживот и граѓанската култура што нè обединува. Тоа е исто така основа на добрососедство и здрави односи меѓу нашите народи и држави“, пишува во реакцијата на министерството за Европа и надворешни работи на Албанија.
…
повеќе






