ОФИЦИЈАЛНО: Алонсо повторно е во Формула 1!

Тимот не го прецизираше рокот на договорот на Шпанецот, кој ќе наполни 39 години на крајот на месецот, најавувајќи дека е за неколку сезони. Според шпанските медиуми, договорот е за 2 години со опција за уште една.

Двократниот светски шампион го заменува Даниел Рикардо од 2021 година и ќе се здружи со младиот Естебан Окон во обид да го врати тимот во челото.

– Голема гордост и емоција за мене е повторно да бидам дел од тимот, што ми даде шанса да победувам, а сега ми помага да бидам повторно на највисоко ниво. Рено сака да биде на подиумот, исто како и јас. Ова е моето семејство, рече Фернандо.

Шпанецот вели дека негова желба е да му помогне на Рено да ги постигне своите цели.

Алонсо ги освои двете титули со францускиот тим во 2005 и 2006 година, а се очекува да биде во болидот по 41-годишна возраст.

– Потпишувањето со Фернандо Алонсо е дел од нашиот план да продолжиме да се развиваме и да се вратиме во челото на колоната. Ова е логичен избор и со неговата посветеност и искуство тој ќе ни помогне да се движиме напред, рече тимскиот шеф Силил Абитбул.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close