Официјално, натпреварот Алкалоид – АЕК нема да се одигра. Што понатаму ќе се решава на зелена маса
Официјалниот спикер најави дека напреварот на ракометните клубови на Алкалоид и АЕК нема да го одиграат вечерва финалето на Европското првенство во ракомет бидејќи играчите на ракометарите од Атина под притисок на навивачите коо иако биле опоменати дека е договорено да добијат само 200 карти а пред арената Борис Трајковски дошле многу повеќе.
Тие што дошле во главниот град на Македонија отишле 1,5 час пред мечот пред хотелот каде што се сместени нивните миленици и им „наредиле“ да не му излезат на мегдан на освојувачот на Купот на Македонија, а тие, во знак на солидарност со вратените, исто така тргнале назад за Грција.
Делот од трибината наменет за 200 грчки навивачи остана празен, а полната сала и половина час од времето кога требаше да почне дуелот чекаше на своите места, за на крајот да ја дочека официјалната информација дека натпреварот нема да се одигра вечерва!.
Алкалоид славеше со 29:25 на првата средба во Атина.
Најверојатно судбината на овој спор европската федерација за ракомет ќе го одлучува во вторник на зелена маса. Дисциплинската комисија ќе донесе одлука што понатаму иако вината очигледно е дека е на грчката страна.