Официјално потврден рекордниот трансфер на Вирц во Ливерпул
Ливерпул го потврди трансферот на 22-годишниот германски напаѓач Флоријан Вирц од Баерн Леверкузен за рекорден трансфер во Премиер лигата, вреден меѓу 135 и 150 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите.
Трансфер сумата, која не е потврдена од ниту еден клуб, го направи Вирц трето најскапо засилување во историјата на фудбалот, зад Бразилецот Нејмар (222 милиони евра од Барселона во ПСЖ во 2017 година) и Французинот Килијан Мбапе (180 милиони евра од Монако во ПСЖ во 2018 година).
„Се чувствувам многу среќно и многу гордо. Чекав долго време, но конечно заврши и навистина сум среќен“, рече Вирц во изјава за клупскиот сајт на Ливерпул.
Вирц, кој потпиша долгорочен договор, исто така станува петтиот најскап фудбалер вреден над 100 милиони евра во историјата на Премиер лигата, придружувајќи им играчите на Челзи, Енцо Фернандез и Мојсес Каиседо, Деклан Рајс од Арсенал и крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Џек Грилиш.