Официјално: СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде вакцинален центар

Владата денеска на седница го задолжи Министерството за здравство, врз основа на одлуката за кризна состојба на дел од територијата на Македонија, да ги ангажира сите свои стручни и други неопходни капацитети за спроведување на масовна вакцинација во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Како што соопшти владината прес-служба, со заклучок по оваа точка Владата го задолжи СЦ „Борис Трајковски“ да ги отстапи своите простории на Министерството за здравство за спроведување на масовната вакцинација согласно Национален план за вакцинација против КОВИД-19 во Македонија.

Back to top button
Close