ОФИЦИЈАЛНО: Сити плати 62 милиони фунти за Рубен Дијаз

Рубен Дијаз официјално се префрли од португалскиот гигант Бенфика во редовите на Манчестер Сити. „Граѓаните“ платија 62 милиони фунти за централниот дефанзивец, плус уште 3 милиони како дополнителни бонуси.

Дијаз одигра над 100 натпревари последните три сезони со тимот на Бенфика, помагајќи му на тимот да ја освои титулата во сезоната 2018/19. Има и 19 натпревари за репрезентацијата на Португалија.

Дваесет и три-годишниот дефанзивец потпиша 6-годишен договор што ќе го задржи на „Етихад“ до летото 2026 година. Тој ќе го носи дресот со број 3. Така, тој станува трето ново засилување на „граѓаните“ по Нејтан Аке и Феран Торес.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close