ОФС Гостивар донираше спортска опрема и топки за 16 клубови

 Шестнаесет фудбалски клубови добија спортска опрема и реквизити за тренизни како помош од гостиварскиот општински фудбалски сојуз. Најголемиот дел од донираните средства се наменети за тренинг и натпреварување на помладите категории.

Деновиве заврши распределувањето на опремата и реквизитите кои ОФС Гостивар ги набави со сопствени финансиски средства. Покрај фигури, пречки, маички-маркери во донацијата имаше и 115 фудбалски топки за јуниорските и сениорските категории.

Раководството на ОФС Гостивар оваа активност ја организираше како поддршка на клубовите кои заради пандемијата прекинаа со работа и е своевиден поттик за продолжување со работа и натпреварувања. Берат Исмаили, претседател на ОФС Гостивар вели дека овојпат посебен акцент е ставен на развојот на фудбалот што го играат младите и децата во соодветните лиги.

– Клубовите имаа потреба од дополнителна поддршка. Од тие причини сакавме да покажеме поголема грижа кон нашите клубови-членки. Знаеме во каква состојба се и особено сакаме да помогнеме во делот на детската фудбалска лига. Секој клуб заслужува ист третман и ние се обидуваме да обезбедиме опрема за секоја челнка подеднакво, изјави Берат Исмаили.

Раководствата на клубовите позитивно го оценија овој гест на ОФС Гостивар, нагласувајќи дека ваквиот однос придонесува за развој на фудбалот особено во руралните средини.

Со донацијата, беа опфатени и фудбалските судии. Ним им беа доделени два комплети униформи и опрема за судење.

Back to top button
Close