Огњеновиќ: Ги излажаа младите – Мицкоски им ја украде иднината

Поминаа две години од владеењето на Мицкоски и ВМРО, младите загубија години и загубија надеж. Во Платформата 1198, Мицкоски и ВМРО ветуваа намалување на иселувањето, подобар животен стандард, задржување на младите во државата и дури 70.000 нови работни места, рече Петар Огњеновиќ – СДММ, на денешната прес-конференција.

Вели „Ветуваа поддршка за образование, домување, претприемништво и конкретни мерки што ќе им помогнат на младите да останат и да ја градат својата иднина дома. По две години, нема ништо од тоа. Ги излажаа младите! Мицкоски им ја украде иднината. Го блокираше европскиот пат на Македонија“.

 

– Advertisements –

 

„Наместо надеж, младите добија неизвесност и изолација. Наместо перспектива, добија разочарување. Затоа денес секој трет млад човек размислува да ја напушти државата. Не затоа што не ја сака Македонија. Туку затоа што не гледа иднина во политиките на оваа власт“ вели Огњеновиќ.

Смета дека „Мицкоски прво ги повикуваше младите да се врателе во Македонија, за веднаш потоа да им каже дека ќе ги менува за „економски работници“. Вистината е дека Платформата 1198 е една голема лага. Во реалноста на младите им останаа само разочарувањето“.

Back to top button
Close