„Огнената група“дава подршка на владата но да се „освежи“. Груби и Османи не ги бивало

„Oгнената група“ од ДУИ, предводена од пратеникот Изет Меџити, денеска одржа прес-конференција на која ги критикуваа првиот заменик премиер Артан Груби и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Како што истакна Меџити, Груби и Османи имаат најслаби резултати во својата работа.

Донесувањето одлуки стана ексклузивна привилегија за Артан Груби. Тоа предизвика поделби во партиските тела. Треба во владиниот тим и во ДУИ да има нови лица. На две седници на претседателството аргументиравме зошто луѓето потфрлуваат и дека треба да си одат. Се што се однесува за стратешките договори со ЕУ, Бугарија или добар закон во Собрание, јас ќе го гласам, а она што не е добро нема да го гласам“, изјави Меџити

Тие не планираат фракција, нова партија или самостоен настап на евентуални предвремени избори. Остануваат во власта и потенцираат дека ова е внатрепартиска битка. Што се однесува до ориентацијата на Владата, даваат поддршка бидејќи, велат, оваа власт ја внела земјава во НАТО и ја доближила до ЕУ.

Се што се однесува до стратешките ориентации на државата, за договорот со Бугарија, не со една, со две раце ќе гласаме. Се што ќе дојде како добар закон и иницијативи исто така ќе ги гласаме, а таму каде ќе видиме дека не се работи за интересот на граѓаните нема да гласаме“,рече Меџити кој нагласи и дека остануваат позиција, а не опозиција.

Back to top button
Close