Огнените“ со порака до Ахмети: Не се оди напред со „ѓаволи“ и бркање на своите „ангели“

Не се оди напред, бркајќи ги своите ‘ангели’ и доведувајќи ‘ѓаволи’ од надвор, му порачаа синоќа од Сарај „Огнените“ на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Тие вчера имаа средба со жители на Сарај каде зборуваа за лошата состојба внатре во партијата, нула инвестиции од извршната власт на ДУИ на чело со Артан Груби.

Организаторот на собирот, првиот човек на огранокот на ДУИ Сарај, Исни Јакупи, рече дека го поканил раководството на ДУИ во Сарај да го изрази незадоволството на жителите за запоставувањето и незастапеноста на Сарај на кое било ниво на извршната власт.

Потпретседателот и еден од челниците на незадоволната група во ДУИ Изет Меџити е загрижен од доближувањето на ДУИ до довчерашните противници.

Меџити со апел до Артан Груби, да не помисли дека со разрешување на некои функционери ќе ги ослабне, дарувајќи ги нивните позиции на Алијанса, бидејќи тие се моќни и без функции, веќе 20 години колку што допринесуваат во ДУИ. Од собирот во Сарај, Меџити му порача на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека е вознемирен поради оддалечувањето на министерот за екологија Насер Нуредини во последните владини измени.

-Не можеме да бидеме спокојни, да ни биде угодно кога претседателот на ДУИ Али Ахмети е опкружен со Мендух Тачи, Арбен Таравари и Зијадин Села, рече Меџити во Сарај.

Претседателот на Надзорниот совет на ДУИ, Муса Џафери, рече дека членството со право прашува зошто има незадоволство во ДУИ, зошто има паралелни собири.

 

„И оваа иницијатива има своја генеза, која започнува пред 3 години кога оваа извршна власт почна да го турне ДУИ во погрешен правец. Почнаа со клевета дека сакаме да смениме 2-3 министри и да ги заземеме нивните места, а вистината е дека сакаме да ја вратиме ДУИ- силна и обединета, по штетите што му ги направи Артан Груби“, кажа Џафери кој му најави на Груби да се откаже, бидејќи никогаш нема да ја добие ДУИ.

Back to top button
Close