Ограбен Домот на АРМ во Скопје – крадците си избегале со телевизор и кафемат

Крадци го ограбиле скопскиот Дом на АРМ предминатиот викенд, пренесува „Телма“.

И покрај чуварската служба од припадници на Армија, разбојниците во објектот влегле преку терасата на истиот.

Телма пренесува дека биле украдени повеќе работи и тоа телевизорот од салата во ресторанот, цредниот професионален кафемат, а и други работи.

Од МВР официјално не ја објавија кражбата во дневните билтени испратени до медиумите за 16-ти или 17-ти октомври, а за „Телма“ изјавиле дека истрагата била во тек.

Back to top button
Close