Ограбен носителот на советничката листа на СДСМ во Ново Село

Од автомобил, сопственост на Иле Илиев, носител на советничката листа на СДСМ за струмичко Ново Село, синоќа е извршен грабеж и се одземени пари и документи.

Според Илиев, сторителите го искршиле стаклото од вратата на предната десна врата, најверојатно со камен и од автомобилот одзеле пари и документи.

– Да се случеше тоа во период кога не е кампања за локални избори, тогаш можеби немаше да се посомневам дека се работи за дело со политичка позадина. Не сакам никого да обвинувам, но постојат сомнежи кај мене. Веднаш по извршениот грабеж го пријавив настанот во полицијата – рече Илиев.

Од СВР Струмица потврдуваат дека е извршен грабеж од автомобил сопственост на Илиев и оти од него се украдени пари и документи. Велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close