Ограничувања во авионскиот сообраќај: откажани летови кон Дубаи, Тел Авив и Бејрут

Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај го продолжи важењето на информациските билтени за ризични зони во воздушниот простор над Блискиот Исток и Персискиот Залив до 1 мај, поради зголемената безбедносна нестабилност во регионот.

Поради тековниот вооружен конфликт меѓу САД, Израел и Иран, голем број европски авиокомпании привремено ги прекинаа или значително ги намалија летовите кон овој дел од светот.

Меѓу погодените превозници се групацијата „Луфтханза“, „Ер Франс-КЛМ“ и „Бритиш ервејс“, кои оперираат со повеќе подружници во Европа. Овие компании имаат привремено суспендирани линии кон повеќе клучни дестинации.

Прекинати или ограничени се летови кон градови како Тел Авив, Дубаи, Ријад и Бејрут, а дел од ограничувањата се продолжени и до крајот на мај, па дури и до октомври, во зависност од безбедносната состојба.

Back to top button
Close