Охриѓанец починал во хотел во Маврово

МВР информира дека вчера во 10:55 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека има починато лице во хотел во Маврово.

-Увидна екипа во присуство на јавен обвинител извршила увид во помошните простории на хотелот, каде во една од собите за персонал бил пронајден починат В.Л.(58) од Охрид, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Од страна на лекар била констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.

Back to top button
Close