Политика и на Водици-„Охриѓани“ со транспаренти за поддршка за владиката Партениј да биде новиот Митрополит на Дебарско-кичевската епархија
По повод големиот христијански празник Богојавление, со посебна чест за охриѓани овој пат крстот ќе биде положен од страна на неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан, кој администрира со Дебарско-кичевската епархија после упокојувањето на владиката Тимотеј.
Oхриѓани не ја пропуштија шансата да ја искажат својата радост за Неговото доаѓање, и ја пресретнаа добрината Негова со транспаренти во кои ги пренесоја своите желби на Архиепископот Стефан, за поставување на епископot Антаниски г. Партениј од Бигорскиот манастир за Митрополит на Дебарско-кичевската епархија.
Мирно и достоинствено ја изразија својата верба во вистинската татковска одлука на Архиепископот Стефан и отворено ја изразија својата поддршка за владиката Партениј, барајќи го да биде поставен за Митрополит на местото на дедо Тимотеј.
OhridNews