Охрид на мапата од врвни музички настани во Европа и светот
Авалон продукција е брендот кој пред повеќе години, ги откри амбиенталните предности и можнопсти за крупни журки во некогашната касарна “Михајло Апостолски” во Охрид.
И годинава, од 29 јули до 1 август, на истиот простор, на фестивалот „Ohrid Calling“ , настапуваат познати диџеи од светот на електоронската музика.
Организаторот, Авалон продукција, мегу другите во Охрид ги носи Timmy Trumpet, кој е меѓу топ 10, на листата за диџеи за 2022 година.
Бобан Милошески, сопственикот на Авалон продукција. денеска во Охрид одржа заедничка прес конференција со градоначалникот Кирил Пецаков.
–Timmy Trumpet, ја има премиерата на Балканот, што е податок сам за себе. Во понеделник е неговиот настап. Првиот ден е настап на Lost Frequnecies, кој што беше многу одамна во 2016/2017 година. Во сабота е Vini Viki, кој мислам дека е најголем миленик на македонската публика, во недела се W&W кои се пионери во краут контроли и некои други работи кои ја одбележуваат оваа музичка сцена. Диџеи од цел свет, од Австралија, Јапонија, Холандија, Германија и од земјава. Навистина цел свет доаѓа во Охрид, нагласи Милошески.
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, исто така, смета дека со организирањето на овој фестивал Охрид зазема препознатливо место на мапата на музички настани и привлекува бројни гости од Европа.
-Четиридневното случување значително ја збогатува и туристичката понуда за гостите и туристите кои веќе летуваат тука. Сметам дека оваа современа фестивалска приказна треба да продолжи да живее и да се надградува. Затоа и Општина Охрид го поддржува настанот отстапувајќи ја инфраструктурата. Верувам во капацитетот и искуството на Авалон и убеден сум дека и оваа година љубителите на електронската музика ќе уживаат во неповторливите музички настани и ќе понесат најубави спомени од Охрид, потенцираше Пецаков.(Крај)
Веле Митаноски