Охрид со нова победа во плеј офот од Супер лигата


Ракометарите на ГРК Охрид остварија нова победа во рамки на домашното првенство откако попладнево го совладаа Тиквеш со 37:20. Со новите бодови охриѓани имаат 44 бода и се на втората позиција на табелата зад Вардар, кој има 52.

Гостите од Кавадарци поведоа со 2:0 и тоа им беше единствената предност, а Охрид со серија од 4-0 дојде до предност. На полувреме беше 19:14 за домашниот тим, кој на стартот на вториот дел со нова серија од 6-0 дојде и до двоцифрена предност од 25:14.

Еден од најдобрите поединци на дуелот беше новиот играч кај ГРК Охрид Косуке Јасухира кој постигна 6 голови и имаше 8 асистенции.

Ова беше втор дуел од 5.коло од плеј офот од Супер лигата. Вчера Вардар го совлада Бутел со 42:27, а дербито на колото се игра во вторник (14.април) во салата во Автокоманда, Алкалоид е домаќин на првакот Еурофарм Пелистер (почеток 19:30 часот).

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close