Охрид солидно посетен за викендот, хотелите со 30-процентна исполнетост

– Продолжениот празничен викенд, заедно со убавото време, но и подобрената епидемиолошка состојба придонесоа за солидна посетеност на Охрид и туристичките населби на Охридското Езеро.

Гости има насекаде, низ Чаршијата, на Кејот на езерото, а полни беа и терасите на кафулињата и рестораните, секаде онаму каде дозволуваат актуелните рестириктивни мерки.

Најголем дел од гостите се домашни, пред се оние што имаат свои станови и викенд-куќи, но има и странски туристи кои доаѓаат воглавно со сопствена режија.

Посетеноста е задоволителна со оглед на тоа дека не е се уште почната главната летна сезона, но сепак е далеку од она што можеше да се види последните години пред епидемијата.

Хотелските капацитети со исполнетост до 30 проценти и тоа со гости пристигнати во индивидуална режија, додека засега летни аранжмани закупени однапред засега се уште нема. Така ќе биде воглавно и во шпицот на сезоната, со оглед на отсуството гаранции за тоа како ќе биде ситуацијата со коронавирусот.

Хотелите најавија и поволни цени за сместување, особено оние со три и четири звездички, како и посебни попусти како на пример за туристите од соседна Србија.

Тие очекуваат некаде на втората половина од јуни да допатуваат и првите организирани групи туристи, најмногу од Полска, Турција, но и од Русија, Романија и Украина како нови туристички пазари.

Кога станува збор за угостителите, тие со најави дека ќе ги задржат цените од пред почетокот на пандемијата.

Според угостителите, цените се диктирани од постоечктие услови, актуелната ситуација, но тие нема да бидат различни од претходно, со одредени зависно категоризацијата на објектот.

Независно што се работи за викенд-посетеност, хотелиерите и угостителите задоволни, сметаат дека секое придвижување на луѓе влева оптимизам за какво такво подобрување на состојбите во секторот, а најавите за постепено враќање на странските туристи секако ќе значи пособрување на ситуацијата споредбено со лани.

Македонија како дестинација во моментов е отворена за сите туристи, без какви било рестрикции или наметнување барања за ПЦР тестови. Една од мерките за привлекување што повеќе туристи се и планираните 50 илјади бесплатни тестови за Ковид-19 за туристи на кои им е потребен негативен тест за враќање дома.

Очекувањата од престојната летна туристичка сезона се реализирани повеќе од два милиони ноќевања, со остварен промет во секторот до 300 милиони долари.

Back to top button
Close