Охрид СОС алармира: Сеча во зона на строга заштита кај изворите на Црн Дрим

Од здружението Охрид СОС реагираат по објавени фотографии на кои се гледаат исечени стебла и уништена вегетација во подрачјето кај изворите на Црн Дрим во Свети Наум, во рамки на зоната на строга заштита на Националниот парк „Галичица“.

„Фотографиите кои ги споделуваме беа објавени утринава. Исечени стебла и вегетација кај изворите на Црни Дрим во Свети Наум, зона на строга заштита во рамките на Националниот парк „Галичица“. Реагиравме до Државниот инспекторат за животната средина, Министерство за животна средина и ПП, општинските инспектори и до Национален парк Галичица, со барање веднаш да се изврши вонреден инспекциски надзор и да се утврди кој ја извршил сечата и зошто, дали е добиено одобрение од паркот и од други надлежни институции, а доколку е извршено без одобрение да се спроведат најстроги санкции кон сторителите“, стои во објавата.

May be an image of tree
May be an image of tree
May be an image of tree
May be an image of tree and grass
May be an image of grass and tree

 

 

Back to top button
Close