Oхрид СОС бара институциите да го отстранат зазиданиот дрворед кај Горна порта

Граѓанската иницијатива Охрид СОС вчера објави слики на кои се гледа како дел од дрворедот кој води кон Горна Порта е заѕидан во ограда на имот на жител на Охрид.
„После асфалтирањето на дрвјата на угорницата кон Горна Порта пред извесно време, наши сограѓани посведочија и за заѕидување на дрворед, во непосредна близина. Ги повикуваме институциите да извршат увид на местото и да се утврди кој и зошто го направил ова“, напишаа во коментарот на Фејсбук од иницијативата Охрид СОС.

Back to top button
Close