Охридската болница на повредениот му рекле операција да чека дома а полицијата не излегла на терен оти бил Бугарин

Нема опасност по животот на претепаниот Бугарин во Охрид, кој веќе е на лекување во Бугарија. Му претстои и операција. Неговиот пријател и основач на фондацијата „Македонија“, Виктор Стојанов за БТВ истакна дека натепаниот поднел пријава дека му се заканувале неколку дена пред да биде нападнат.

Стојанов објасни дека има неколку скршени ребра, испукани пршлени и скршена вилица. Во Охрид му рекле да чека операција дома.

„Не доби соодветна медицинска нега во Северна Македонија, бидејќи од тамошната болница му рекоа да си оди дома и да чека операција. Кристијан ми кажа дека го претепале тројца напаѓачи. Полицијата одби да излезе на местото на настанот. Брза помош нема и отишол да поднесе пријава во полиција во РСМ. Имаме информации дека сведоци кои го виделе како го тепаат повикале полиција, а полицијата им кажала дека нема да дојдат бидејќи е Бугарин и дека треба сам да дојде во полициска станица“, објасни Стојанов.

Тој додаде дека ова не е изолиран случај, дека има многу млади кои поднеле жалби за закани. Самиот Виктор изјави дека нему и на неговото семејство му се заканувале повеќе од 1.000 пати.

„Во РСМ има група луѓе кои едноставно посакуваат да не живеат Бугари на оваа територија. Овој круг на луѓе е поддржан и финансиран од одредени политичари, а опозициски политичари од одредени организации. Во принцип, постои метод на истребување на Бугарите. Северна Македонија мора да ги реформира институциите со помош на европските, со помош на Бугарија, нема шанси полицијата, обвинителството и судот да не можат да функционираат против бугарскиот народ, односно одбиваат да ги извршуваат своите активности. кога станува збор за Бугарите“, рече и Стојанов.

Инаку, Стојанов вчера упати и закана во која вели дека „кој ќе крене рака на Бугарин, ќе остане без неа“.

„И додека тројца шовинисти го претепаа нашиот брат во Охрид, Христијан Пендиков, ние ќе дојдеме илјадници, кој ќе крене рака на Бугарин, ќе остане без раката! Му посакуваме на нашиот брат брзо закрепнување. Денес очекуваме брза и адекватна реакција од Бугарија! Исто така, очекуваме реакција и од бугарското општество! Затоа што Бугарите во Македонија ги претепуваат по улиците! Сакаме Македонија бргу да ги уапси и да подигне обвиненија за тројцата напаѓачи, кои му нанесоа телесни повреди на Христијан“, напиша на својот профил Виктор Стојанов.

Back to top button
Close