Охридскиот маратон годинава го нема на календарот на ФИНА. Маратони од 25 километри само за по дома

Претседателот на Пливачката федерација Горан Стојановски на вчерашната средба со шефот на државата Стево Пендаровски рече дека годинава нема да се одржи поради финансиски проблеми и блокирана сметка.

На сајтот на Светска пливачка федерација ФИНА во календарот на маратони кој подготвува на почетокот на секоја година Охридскиот маратон го нема.

За волја на вистината, од оваа година ФИНА одлучи дека нема повеќе да се одржува светска серија на 25-километарски маратони а секоја држава и федерација може да си организира своја спортска  манифестација без резултатска важност.

Back to top button
Close