Охридско лето ја промени одлуката – Жељко Јоксимовиќ сепак нема да oдржи концерт

Директорката на фестивалот „Охридско лето“ Наташа Поповиќ, денеска во нова изјава за „А1он“ вели дека концертот на Јоксимовиќ бил дел од работната верзија на програмата за Охридско лето и дека тој нема да биде дел од програмата. Поповиќ тврди дека биле направени само првични преговори и дека не бил потпишан договорот.

„Настапот на Жељко Јоксимовиќ кој деновиве предизвика низа реакции во јавноста беше дел од работната верзија на програмата на Охридско лето. Како Национална установа официјалната програма ја соопштуваме на прес конференција која за јубилејното издание ќе ја одржиме деновиве. За жал, нацрт-верзијата, која напоменувам не е конечна, деновиве се најде на социјалните мрежи со што одредени личности ја злоупотребија, искажувајќи револт и бес, без притоа да ја пофалат или во најмала рака да напоменат дел од другите уметници кои се најдоа на истата работна верзија, а се врвни уметнички имиња“, изјави Поповиќ.

Таа најавува дека јавноста за брзо време ќе биде известена кои музички имиња и театарски претстави ќе го одбележат Охридско лето 2020 година.

повеќе

Back to top button
Close