ОИ: Кина и Јапонија водечки во освоени златни медали

 Домаќинот на Олимписките игри во Токио, Јапонија и репрезентацијата на Кина се двете водечки на табелата во освоени златни медали со по 15 најсјајни одличја по шестиот натпреварувачки ден.

Двоцифрен број златни медали имаат и САД, вкупно – 14.

Следуваат Русија и Австралија со по осум, Велика Британија со пет, Република Кореја има четири, Франција и Германија по три.

Седум држави имаат по две, а 23 земји се со по едно злато.

Олимписките игри во Токио ќе траат до 8 август.

Back to top button
Close