ОИ:Почна распределбата на медали во атлетика, првото одличје за Барега

Селемон Барега од Етиопија го освои денеска првиот златен медал на атлетските натпреварувања на Игрите во Токио со триумфот на трката на 10.000 метри

Барега победи со време од 27:43:22 минути, оставајќи го зад себе светскиот првак и светски рекордер Џошуа Чептеги од Уганда., кој низ целта мина со време од 27:43:63.

Уганда во трката на 10.000 метри го освои и бронзениот медал со успешниот настап на Џејкоб Киплимо, кој заврши третопласиран со време од 27:43:88.

Back to top button
Close