ОИ: Поради топлото време тениските натпревари од утре почнуваат подоцна

Натпреварите на олимпискиот тениски турнир во Токио од утре ќе почнуваат од 15 часот по локално време, четири часа подоцна отколку досега, поради екстремните временски услови.

Како што соопшти Светската тениска федерација, одлуката за промена на термините е донесена во консултации со Меѓународниот олимписки комитет, Организацискиот одбор, судиите, докторите и тенисерите.

Поради големата влажност на воздухот, која денеска во Токио изнесува 72 отсто, и температури повисоки од 30 степени Целзиусови, претходно на тенискиот турнир Паула Бадоса од Шпанија доживеа топлотен удар поради што го предаде натпреварот против Маркета Вондрушова и го напушти теренот во инвалидска количка.

Back to top button
Close