ОИ: Првата светска тенисерка елиминирана уште на стартот

Првиот светски рекет во женскиот тенис, Ешли Барти загуби во првото коло на Олимписките игри, правејќи 55 грешки.

Шампионката од Вимблдон, загуби од Шпанката Сара Сорибрис-Тормо со 4:6 и 3:6.

Австралијката по втор пат оваа сезона го заврши турнирот по првото коло.

Од друга страна, Сорибрис-Тормо, победува Топ 10 тенисерка по втор пат во 11 натпревари.

Претходно таа ја победи Наоми Осака (10) во Купот на Федерации.

Back to top button
Close