OJO: Малолетници правеле монтажа на фотографии од соученички врз експлицитни фотографии

Обвинителството доби вештачење за настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветоодделенци во Кавадарци. Наодот од нареденото вештачење, кое се однесува на дигитална обработка на фотографиите, е доставен до обвинителството и се разгледува, по што ќе биде донесена одлука, изјавиле од ОЈО за МИА.

На 25 октомври лани ОЈО Кавадарци оформи предмет за настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветоодделенци во Кавадарци. Тогаш ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци достави известување против непознати лица.

Државниот просветен инспекторат соопшти дека овој настан со злоупотребени фотографии се случил надвор од училиштето, и на него работат Министерството за внатрешни работи и ОЈО Кавадарци, по пријава од родители.

Основното училиште на 13 октомври пријавило во кавадаречката полиција дека шест малолетници злоупотребиле фотографии од малолетни девојчиња. Според пријавеното, фотографии биле преземени од социјалните мрежи и на нив биле измонтирани фотографии со недолична содржина.

Со пријавените ученици бил извршен службен разговор, а било разговарано и со родителите на девојчињата чии фотографии биле злоупотребени.

Родител на едно од девојчињата за МИА рече дека деветтоодделенците правеле монтажи, така што главите од фотографии на девојчињата, преземени од „Фејсбук“ ги монтирале со апликација на експлицитни фотографии од голи тела и ги споделувале по групни четови

Back to top button
Close