OJO: Приведени се сите осум лица за инцидентот во М-НАВ


По две недели од упадот во М-НАВ, уапсени се сите осум лциа, соопшти Обвинителство.

Во врска со предметот за случувањата во М-НАВ, Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека до овој момент лишени од слобода се сите осум лица опфатени со Наредбата за спроведување истражна постапка за кривично дело – Загрозување на воздушниот сообраќај.

Освен петте лица за кои претходно информиравме, беше поднесен предлог за определување мерка притвор за уште три лица.

За двајца осомничени, судијата на претходна постапка определи мерка куќен притвор, на која обвинителството веќе вложи жалба, додека за третиот осомничен се очекува одлуката на Судот по предлогот на надлежниот обвинител.

Упадот во М-НАВ се случи на 4 јануари. По пресконференцијата на синдикатот кој обвините за вработување на нестручен и партиски кадар во институцијата, осомничените влегле во објектот и нападнале контроли на летање. За ова се води истрага.

Back to top button
Close