Јокиќ испишува историја: Ова никогаш не се случило во НБА

Фото: EPA/JOHN G. MABANGLO

Никола Јокиќ е на работ на историски успех во најсилната кошаркарска лига во светот. Српскиот центар во редовите на Денвер нагетс ќе стане првиот играч во историјата на НБА кој е на врвот на листите и по просек на скокови (12,9) и по просек на асистенции (10,9) по натпревар во иста сезона.

Нешто слично се случило само еднаш, во сезоната 1967/68, кога Вилт Чемберлен ја предводел НБА по вкупен број скокови (1992) и вкупен број асистенции (702). Во тоа време, вкупните перформанси имале поголема тежина бидејќи играчите се обидувале да ги играат сите или речиси сите натпревари.

На пример, таа сезона, членот на Куќата на славните, Оскар Робертсон, имал највисок просек на асистенции (9,7), но тој одигра само 65 натпревари за Синсинати, за разлика од 82 на Чемберлен. Робертсон ја заврши сезоната со 633 асистенции, 69 помалку од Вилт. Сепак, неговиот просек беше повисок.

Овој статистички подвиг, заедно со серијата од 11 победи на Нагетс и билансот од 14-2 од 11 март наваму, треба да ја зајакнат кандидатурата на Јокиќ за наградата за најкорисен играч (МВП). Дали тоа ќе се случи е под знак прашалник. Минатата сезона, и покрај тоа што имаше просек од трипл-дабл како центар, тој заврши втор во гласањето за МВП наградата.

Прашањето е дали воопшто ќе биде во конкуренција оваа сезона. За да конкурира за наградата, играчот мора да игра најмалку 65 натпревари и да игра најмалку 20 минути во секој меч, со исклучок на два натпревари каде што 15 минути се доволни. Јокиќ моментално има 64 мечеви, а пред Денвер е само уште еден натпревар против Сан Антонио спарс. Српскиот центар е на списокот на играчи кои се неизвесни за овој дуел.

Извор: slobodenpecat.mk

Back to top button
Close