Јокиќ по четврти пат во кариерата е избран во најдобрата петорка на НБА лигата

НБА лигата ги објави имињата на кошаркарите кои се најдоа во идеалниот тим на ова натпреварување, а во првата петорка се најде и српскиот центар на Денвер, Никола Јокиќ.

За актуелниот МВП на лигата ова е четврти пат во кариерата да биде избран во првата петорка, во која беше и во 2019, 2021, 2022 година.

Покрај него, тука се и Јанис Адетокумбо, Лука Дончиќ, Шеј Гилџес-Александер и Џејсон Тејтум.

Во „резервниот“ тим се Џејлен Бренсон, Ентони Дејвис, Кевин Дурант, Ентони Едвардс и Кавај Ленард.

Третиот тим го сочинуваат Девин Букер, Стеф Кари, Тајрис Халибартон, Леброн Џејмс и Домантас Сабонис

Back to top button
Close