Јокиќ трет пат во кариерата е МВП во НБА

Кошаркарот на Денвер Нагетс Никола Јокиќ е најкорисен играч во НБА за сезоната 2023/2024. Јокиќ доби 926 гласови (79 први места), второто место го зазеде Шеј Гилџис-Александер од Оклахома Сити Тандер со 640, а трет беше Лука Дончиќ од Далас Маверикс со 566.

Јокиќ трет пат во последните четири сезони ја освои наградата за МВП, додека минатата година, според многумина незаслужено, трофејот „Мајкл Џордан“ му припадна на Џоел Ембиид од Филаделфија.

Центарот на актуелниот НБА шампион е прогласен за најдобар играч на финалната серија минатата сезона.

Back to top button
Close