Оклахома го победи Лејкерс за прв пат оваа сезона, Торонто до седми триумф во низа

За прв пат од почетокот на сезоната 2019/20, кошаркарите на Оклахома сити забележаа победа над Лос Анџелес лејкерс, тим кој веќе го обезбеди првото место во Западната конференција.

Белег на ноќта во најсилната светска кошаркарска лига стави и актуелниот шампион Торонто кој стигна до седмата победа во низа.

Резултати:
Јута – Мемфис 124:115
Сан Антонио – Денвер 126:132
Вашингтон – Филаделфија 98:107
ЛА лејкерс – Оклахома 86:105
Орландо – Торонто 99:109
Бостон – Бруклин 149:115.

Пласман Западна конференција: ЛА лејкерс 51-16 (победи-порази), ЛА клиперс 45-22, Денвер 45-23, Јута 43-25, Хјустон 42-25, Оклахома 42-25,….

Пласман Источна конференција: Милвоки 54-14, Торонто 49-18, Бостон 45-23, Мајами 43-25, Индијана 42-26, Филаделфија 41-27,…

Back to top button
Close