Ѓоко Ристов не бил присутен на претресот кога му беа најдени заѕиданите 350 илјади евра

Од саботата попладне кога во Неготино во домот на родителите на Апелациониот судија Ѓоко Ристов зад ѕид од цигли и плочки беа најдени 350 илјади евра, никој не кажува каде е судијата и дали ќе се бара притвор за него.

Се чека Обвинителството за гонење за организиран криминал и корупција да каже дали Ристов е обезбеден, откако поминаа повеќе од 24 часа од претресот и се поголеми се сомнежите и шпекулациите дека е надвор од земјава. Според неофицијалните информации на „Слободен печат“ од извори вклучени во истрагата, Ристов не е избеган, а според други извори, исто така вклучени во истрагата Ристов не бил присутен кога се вршел претресот во Неготино. Таму биле неговиот татко, брат и адвокат.

Повеќе

Back to top button
Close