Околу 500 отсто раст на злоупотребите со кредитни картички во Русија

– Русија станува една од земјите со најголеми финансиски злоупотреби од почетокот на годинава, пренесува агенцијата ТАСС.

Според руското Министерство за надворешни работи, забележан е раст од речиси 500 отсто.

„Криминалот со банкарски картички достигна вкупно 82.339, што претставува зголемување од 489,2 отсто во однос на минатата година“, се наведува во соопштението.

Периодот на кој се однесуваат податоците е јануари – јуни 2020 година во однос на првите шест месеци од 2019 година.

Засега нема информации дали кражбите биле извршени од локални измамнички групи или од меѓународни крадци. паг/

Back to top button
Close