Околу 60 проценти Белгијанци сакаат да се вакцинираат против Ковид-19
Белгиските здравствени власти соопштија дека околу 60 отсто од граѓаните сакаат да примат вакцина против новиот коронавирус. Вакцинацијата во Белгија почнува на 28 декември.
Во истражувањето на белгискиот Институт за јавно здравство и Институтот Сајансан анкетирани се 30.000 луѓе, а секој четвртти испитаник одговорил дека се уште не е сигурен во својата одлука за да прими вакцина, а 15 проценти изјавиле дека не сакаат да се вакцинираат.
Анкетата покажува дека поголемиот број на лица, кои одговориле оти сакаат да се вакцинираат тоа ќе го направат бидејќи сакаат што побрзо да се вратат на нормалниот живот, додека тие што се против или се несигурни, се загрижени поради недостиг на информации за долгорочните несакани ефекти од вакцината.
Вакцинацијата против Ковид-19 во Белгија ќе почне в понеделник во пет домови за стари лица.
Белгија со население од 11,5 милиони луѓе е меѓу најпогодените држави од пандемијата, каде речиси 630.000 лица се инфицирани, а од последници од Ковид-19 починаа над 18.800 луѓе. Околу 90 луѓе починуваат секој ден од последици од новиот коронавирус.