Ѓоковиќ: Благослов е да се испишува историја на мојот омилен турнир

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ истакна дека секој историски успех постигнат на неговиот омилен турнир Вимблдон му значи многу.

„Секое парче историја што го пишувам на мојот омилен турнир е благослов за мене“, рече Ѓоковиќ по триумфот над својот сонародник Миомир Кецмановиќ во третото коло.

Ѓоковиќ во саботата вечер ја запиша својата 100 победа на Вимблдон, триумфирајќи над Кецмановиќ со 3-0 во сетови (6:3, 6:0, 6:4), а во првите два сета имаше само осум неизнудени грешки.

„Уживав во натпреварот, освен можеби во последните неколку гемови кога стана малку покомплицирано“, рече Ѓоковиќ.

Шестиот тенисер во светот во осминафиналето против Алекс Де Минор од Австралија.

ФОТО: ЕПА

Back to top button
Close