Ѓоковиќ брзо ќе се опорави, има шанси за учество на Олимписките игри

 

Новак Ѓоковиќ сепак очекува побрз процес на опоравување.

Тој е опериран во текот на утрото во Париз, а како што информираат од Спорт Клуб, се било во најдобар ред, а закрепнувањето му е забрзано со операцијата.

Разбирливо е дека не се работи за посериозна варијанта на повреда на менискусот на десното колено, па рехабилитацијата не треба да се продолжува. Се верува дека закрепнувањето ќе трае околу три недели, но тоа ќе зависи и од други фактори.

Засега мали се шансите да игра на Вимблдон без подготовка.

Доброто е што учеството на Олимписките игри кои почнуваат на 27 јули не е доведено во прашање.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close