Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Торино

По освојувањето на титулата на АТП 250 турнирот во Атина српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Торино. Причина е повреда. На местото на Ѓоковиќ во една од групите ќе биде токму неговиот ривал од вчерашното финале во Атина, Италијанецот Лоренцо Мусети. Турнирот во Торино почнува денеска.

–  Се радував на настапот во Торино, но по финалето во Атина мора да истакнам дека поради повреда нема да можам да играм на завршниот турнир во Торино. Жал ми е заради публиката, но се надевам дека ќе има добар тенис. На сите играчи на турнирот им посакувам да играат врвен тенис, изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ заминува на одмор и фокусот му е кон првиот Грен слем турнир во календарската година – Австралија опен во Мелбурн.

Back to top button
Close