Ѓоковиќ го сруши рекордот на Федерер по најмногу недели како рекет број еден во светот

– Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес ја започна 311. недела како прв „рекет“ на светот, се наведува на официјалната веб-страница на АТП.

Така, 33-годишниот Србин постави нов рекорд во светот на тенисот. Претходното достигнување му припаѓаше на Швајцарецот Роџер Федерер (310 недели).

Новак Ѓоковиќ е 18-кратен победник на Грен слем турнирите, вклучувајќи го и  неодамнешниот трофеј од Австралија опен 2021.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close