Ѓоковиќ мајсторски до уште една победа и четвртфинале на Вимблдон

Седумкратниот победник на Вимблдон Новак Ѓоковиќ (Србија) со победата од 3:1 во сетови над Алекс Де Минор од Австралија се избори за 16-то четвртфинале на Вимблдон. Тој во денешното осминафинале направи пресврт во мечот и по негативата од 0:1 по загубениот прв сет на убедлив начин со 1:6 во гемови ги доби следните три со идентични 6:4 во гемови.

Во четвртиот сет Ѓоковиќ ја покажа својата доминација кога при резултат од 4:1 во гемови за противникот успеа да спаси брејк топка и притоа направи серија од пет освоени гемови.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Флавио Коболи од Италија, кој со 3:1 во сетови го совлада Марин Чилиќ од Хрватска.

Back to top button
Close