Ѓоковиќ не тренираше пред полуфиналето

Полуфиналистот на Вимблдон и седумкратен освојувач на овој Грен слем турнир, Новак Ѓоковиќ денеска не тренираше во пресрет на утрешното полуфинале против Јаник Синер.

Ѓоковиќ во вчершаниот четвртфинален дуел против Флавио Коболи, кој го доби со 3:1 во сетови при еден од последните поени се лизна и лошо падна. Сепак успеа да го заврши мечот и да победи.

Но, тој за денеска имаше планирано тренинг. Најпрво го одложи терминот, а потоа не се појави ниту во вториот термин за тренинг.

Во слична ситуација беше и неговиот следен ривал Синер пред четвртфиналето со Американецот Бен Шелтон, кога поради проблем со лактот на раката мораше да го пропушти тренингот, но потоа без проблем со 3:0 во сетови го совлада ривалот.

Полуфиналето Ѓоковиќ – Синер се игра утре како втор меч на Централниот терен по првото полуфинале во кое играат: Карлос Алкараз и Тејлор Фриц.

Back to top button
Close