Ѓоковиќ загуби од 42. рекет на светот во четвртфиналето на турнирот во Виена

Првиот светски рекет, Србинот Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на турнирот во Виена загуби од Италијанецот Лоренцо Сонего со резултат 2:6, 1:6.
Средбата траеше 1 час и 10 минути. Ѓоковиќ направи три аса и направи три двојни грешки.
Во полуфиналето Сонего ќе се соочи со победникот од двојката Грегор Димитров (Бугарија) – Даниел Еванс (Велика Британија).
Наградниот фонд на турнирот во австрискиот главен град изнесува 1,4 милиони евра.