Оксфорд: Наскоро податоци за ефикасноста на вакцината против британскиот вид на коронавирусот

– Податоците за ефикасноста на вакцината, што ја разви Универзитетот Оксфорд, против британската мутација на коронавирусот, ќе бидат готови до следната недела. Тоа го нагласи претставник на Универзитетот за време на онлајн состанок со советодавниот панел на американскиот Центар за превенција на заразни болести (ЦДЦ).

– Од средината на декември, британската мутација стана доминантна и почна брзо да се шири. Нашата анализа на ефективноста на вакцината против тој вид треба да биде готова до следната недела, рече Ендру Олард, директор на Оксфордската акциска група и главен истражувач.

Универзитетот Оксфорд ја разви вакцината во соработка со АстраЗенека

Back to top button
Close