ОКТА донираше прочистувачи на воздух за Детската клиника

Прочистувачи на воздух доби Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Станува збор за донација од компанијата ОКТА преку организирање еко акција за собирање електричен и електронски отпад.

Еколошката активност, што се спроведе во март пред почетокот на кризата предизвикана од коронавирусот имаше за цел да ја подигне свеста за правилно ракување со електричен и електронски отпад, а во исто време да се подобрат условите на хемато-онколошкото одделение при Клиниката, соопштија од компанијата.

Посочија дека за поефикасно собирање на ситниот отпад, на неколку локации во кругот на компанијата биле поставени специјални кутии, додека големите уреди беа подигнати од домовите на вработените.

Средствата добиени како возврат за собраниот отпад се искористија за набавка на прочистувачите на воздух. Акцијата за селектирање и собирање отпад, ОКТА ја спроведе во координација и соработка со Нула Отпад, овластен колективен постапувач со отпад од електрична и електронска опрема. Оваа активноста се спроведе во согласност со стратегијата за општествена одговорност на компанијата и е дел од заложбите на компанијата за заштита на животната средина и поддршка на заедницата, стои во соопштението.

Back to top button
Close