Олигарх поврзан со Газпром пронајден мртов во базен во Санкт Петербург


Рускиот милионер Јуриј Воронов (61), поврзан со енергетскиот гигант Газпром, е пронајден мртов во базенот на неговата вила во Санкт Петербург. Воронов е еден од неколкуте членови на руската елита кои загинаа под неразјаснети околности во изминатите неколку месеци.

Телото на Воронов бил пронајдено во базенот со прострелна рана во главата. На дното на базенот се пронајдени уште неколку чаури.

Тој е шестиот руски бизнисмен кој починал во мистериозни околности од почетокот на годината, многу од нив биле поврзани со Гаспром, а двајца од нив загинале во истото предградие на Санкт Петербург како Воронов. Рускиот истражен комитет ја истражува смртта на Воронов, која во моментов ја припишуваат на „спор со деловните партнери“.

Back to top button
Close