Оливер Андонов- Кој се претставува како „кабинет“ на Архиепископот. Ќе утврдам па ќе реагирам

Универзитетскиот професот Оливер Андонов вечерва преку фејсбук статус реагираше на демантотот потпишан од Кабинетот на поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан

Суштината на оваа “кабинетско” соопштение не е прашањето на моето учество во процесот на прифаќање и признавање на афтокефалноста на МПЦ-ОА од страна на СПЦ, бидејќи тоа како потврда го даде во јавноста Неговото Високо Преосвештенство Митрополитот Преспанско-Пелагониски Петар, а релевантно толкување на оваа прашање дополнително треба да даде Светиот Архерејски Синод на МПЦ-ОА., наведува Андонов во реакцјата преку ФБ статусот

Реакцијата на Андонов уследи откако од Кабинетот на поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан беше соопштено тој немал никаква улога во процесот на преговорите меѓу Српската и Македонската православна црква во однос на нашето црковно прашање

 

Архиепископот Стефан: Неточни се тврдењата на Оливер Андонов дека имал решавачка улога во преговорите со СПЦ

Back to top button
Close